Путин му порача на Западот: „Ќе им ја затвориме устата на оние кои менуваат историја и ја намалуваат улогата на нашите татковци и дедовци“

Точка

19/01/2020

14:09

5.774

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија Владимир Путин, ветил дека ќе го отвори центарот за архивски докумети за Втората светска војна.

„Ќе ја затвориме валканата уста на некои од лидерите кои ја отвораат беспотребно за да постигнат некои свои политички цели. Ќе им ја запечатиме истата со вистински информации“ - изјавил Путин на состанокот со ветераните и претставниците на патриотската организација.

Претседателот го навел примерот со Израел кој ни за секунда не дозволува да се заборави Холокаустот и потсетил дека во наредните денови ќе го посети Израел.

„Многу сум благодарен за оваа иницијатива на раководството од Израел и на сите кои беа иницијатори за тој настан. Тоа е важен настан. Тој потсетува на жртвите од Втората светска војна и на оние кои дале допринос во поразот на нацистите“ - изјавил шефот на државата.

„Еврејската општествена организација и раководството на Израел работат паметно, не давајќи му на светот да ги заборават жртвите од Холокаустот“ - нагласил Путин.

„За жал, меѓу жртвите во Холокаустот имало и голем број Евреи од Советскиот Сојуз, руски народ“ - додал Путин, нагласувајќи дека најголемата загуба во Втората светска војна од речиси 70 отсто ја поднела денешна Русија.

Во врска со тоа, Путин соопштил дека Русија ќе формира центар за архивска документација кој ќе биде отворен и за руските граѓани, но и за граѓаните од целиот свет.

„Ќе им ја затвориме устата на оние кои менуваат историја, ја претставуваат во лажно светло и ја намалуваат улогата на нашите татковци и дедовци, на нашите херои кои загинале бранејќи ја својата татковина и практично целиот свет од таа чума“ - изјавил претседателот на Русија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг