Путин одговара на опасно прашање - еве дали планира доживотно да биде претседател на Русија

Точка

19/01/2020

11:41

4.597

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин се изјаснил против за доживотниот претседателски мандат на државата, вообичаен за советската ера, истакнувајќи дека тоа не може да го реши прашањето на транзицијата, моќта и стабилноста во таа држава.

Путин тоа го изјавил на состанокот со ветераните од Втората светска војна во Санк Петербург кога еден од учесниците го замолил да реши поедини проблеми во врска со Уставот така што моќта на претседателот да не биде ограничена со мандат.

Ветеранот изјавил дека Путин успеал да го зацврсти одбранбениот капацитет на Русија и дека сега би требало да почне да решава други прашања.

Благодарение на ветеранот на добрата оцена на неговите достигнувања, Путин истакнал дека враќањето на стилот на владеење од 1980-те години би бил многу вознемирувачки.

„Разбирам дека многумина се загрижени за стабилноста во општеството вклучувајќи ги и надворешната и внатрешната стабилност на државата. Меѓутоа, би било многу вознемирувачки да се вратиме во ситуација вообичаена за 80-те години кога лидерите остануваа на власт до своите последни денови, а потоа заминуваа без создадени услови за транзициска моќ“ - рекол Путин, пренесуваат од „Тас с“.

Рускиот претседател исто така во средата пред парламентот зборувал за состојбата на нацијата и изјавил дека е согласен со тоа дека претседателот треба да има повеќе од два последователни мандати иако тоа прашање за него нема некоја голема важност.

Путин предложил и измена во рускиот Устав која би донела поголеми овластувања во парламентот и владата што на Западот го толкуваат како негова намера да “премине“ на нова позиција, а да остане на власт до истекот на актуелниот мандат во 2024-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг