Карачиќ по херојскиот пресврт на Хрватска: Се потсетив на Вардар!

Дерби

19/01/2020

11:01

2.533

Големина на фонт

а а а

Хрватска обезбеди полуфинале на Европското првенство уште пред да го одигра последното коло во главната рунда, откако оваа вечер имаше херојско враќање во натпреварот со жестоката Германија која воопшто не ги штедеше „каубоите“ во текот на целиот меч.

Германците изгледаа далеку подобро во првиот дел и на стартот на второто, а кога се чинеше дека Хрватска е на работ од бездната со оглед на тоа што губеше со пет разлика, избраниците на Лино Червар јуначки се вратија и на крајот со пресврт остварија огромна победа. Со триумфот од 25:24, Хрватите си обезбедија нова завршница на еден голем турнир, а херој број еден беше Игор Карачиќ кој даде и интересна изјава по крајот на натпрварот.

– Премногу сум горд на своите соиграчи. Ова е натпревар на кој можеме да научиме како се гради карактер, како да се извлечете од тешка ситуација. Не знам што да кажам, едноставно верував во соиграчите, верував во стручниот штаб. Во одредени моменти од натпреварот се потсетив и на Вардар. Ова беше многу стресно за мене и соиграчите, но најважно од се е што верувавме во победа, – изјави Карачиќ кој сосема заслужено беше прогласен за најдобар играч на натпреварот на кој постигна седум гола.




Спонзорирани линкови

Маркетинг