Лејкерс го реши Хјустон во Тексас, навивачите му скандираа МВП на Леброн

Дерби

19/01/2020

10:56

1.159

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа во пресметката со Хјустон Рокетс во дербито на вечерва во НБА лигата.

Иако не можеа да сметаат на Ентони Дејвис и Ражон Рондо, „езерџиите“ го решија ривалот од Западот со 124-115. Клучната разлика составот од Лос Анџелес ја направи во третиот период кој го реализираше со 32-17 со што ја презема контролата и не ја испушти предноста во завршниот период.

Одличен беше Леброн Џејмс со 31 поен, 5 скокови, 12 асистенции и 2 украдени топки, а за ова свое издание беше награден од навивачите со скандирање на „МВП“ во „Тојота Центарот“.

Харден и Вестбрук залудно на спротивната страна искомбинираа 69 кошеви.

„Езерџиите“ со учинок 34-8 се на првото место на Западот, додека пак Хјустон за кого ова беше трет пораз во низа е на шестата позиција.

Останати резултати:

Јута-Сакраменто 123-101 

Оклахома-Портланд 119-106 

Голден Стејт-Орландо 109-95 

Минесота-Торонто 112-122 

Њујорк Никс-Филаделфија 87-90 

Чикаго-Кливленд 118-116 

Атланта-Детроит 103-136 

Бостон-Феникс 119-123 

Бруклин-Милвоки 97-117 

Њу Орлеанс-ЛА Клиперс 130-133



Спонзорирани линкови

Маркетинг