Бела се појавила во омразениот тренд од 2000-тите кој се враќа во мода: Ретко кому му прилега и не трпи недостатоци

Точка

18/01/2020

16:56

6.858

Големина на фонт

а а а

Во деведесеттите години сите ги носевме, а сега не можеме да замислиме да облечеме панталони со ваков крој. Но, се чини дека тие се враќаат на голема врата.

Манекенката Бела Хадид вчера била една од најзапазените дами на машката ревија на Луј Витон за есен 2020 година. А за сè биле виновни нејзините панталони... 


Нејзиниот моден избор за оваа прилика бил син комплет од топ и панталони со потпис на споменатиот бренд, а она што многумина го забележале е дека Хадид носи панталони со низок струк.


Ниските панталони, шорцеви и здолништа беа многу популарни кон почетокот на 2000-тите години, но се сметаа за “проблематични” бидејќи ретко кому му прилегаат и не трпат недостатоци.

Ваквите панталони во комбинација со топ кој се врзува околу вратот докажуваат дека во 2020 година ќе видиме многу модни трендови од почетокот на 2000-тите. Дали повторно би носеле вакви модели?



Спонзорирани линкови

Маркетинг