Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Макфакс

18/01/2020

12:48

3.617

Големина на фонт

а а а

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња.

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на Твитер упати пофални зборови за „Медена земја“.

##https://twitter.com/jamieleecurtis/status/1218384707064217601?s=20##

„Колку совршен филм во овој момент. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“, напиша Ли Кертис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг