3-годишно девојче од Австралија и нејзиното куче биле пронајдени живи и здрави 24 часа откако исчезнале.
Девојчето уште во средата одлутало од својот дом во градот Норина Даунс во Австралија.
Таа и нејзиниот Џек Расел Tериер останале заробени поради поплавите, а во потрагата се вклучиле и хеликоптери.
За среќа, во четвртокот попладне хеликоптерите го забележале девојчето на 3,5 километри оддалеченост од нејзиниот дом.
Девојчето било валкано од калта, но во добра состојба, а кучето не се одвојувало од неа.
Полицискиот началник Ким Касам им се заблагодарил на сите кои биле вклучени во потрагата по девојчето, но го пофалил и нејзиното куче кое останало со неа целото време.
Потсетуваме, силни дождови утрово по локално време ги зафатиле источните делови на Австралија, па поради поплавите биле затворени некои од главните патишта.
Државите Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, кои се најмногу погодени од суша и пожари, сега се соочени со силни дождови и поплави.
Great to see some rain fall in Australia 👌 pic.twitter.com/GsiOFYOqXO
— Jay-LFC (@JasonLFC1979) January 16, 2020