Еминем ненадејно објави нов албум, во првиот спот е опишана трагедијата во која загинаа 50 лица

Точка

18/01/2020

12:23

1.856

Големина на фонт

а а а

47-годишниот Еминем, без било каква најава, го објави новиот албум наречен “Music To Be Murdered By”, а објави и спот за една од песните наречена “Darkness”.

За неполни 24 часа, спотот е прегледан повеќе од 3,5 милиони пати, а поради пораката која ја носи тој масовно се споделува и Еминем успеал во намерата да го привлече вниманието на милиони луѓе ширум светот. 

Имено, “Darkness” се занимава со темата на страшните злосторства во Америка, направени од огнено оружје. Раперот во него настапува од перспектива на напаѓач кој за мета ги одбира гостите на концертот, а пукањето кое е прикажано алудира на масакрот кој се случи во 2017 година. Тогаш во Лас Вегас напаѓач уби 50 луѓе кои беа упатени кон кантри фестивалот.

“Кога ќе заврши ова? Кога на доволен број луѓе ќе им биде гајле. Регистрирајте се и гласајте. Направете вашиот глас да се слушне и помогнете законот за оружје во Америка да се промени”, пишува на крајот од спотот.

На албумот се наоѓаат 20 песни во траење од 64 минути, а како гости се појавуваат Ед Ширан, Андерсон Пак, Јанг М.А, но и раперот Џус ВРЛД кој почина на 8-ми декември минатата година.

Спотот “Darkness” е прилично вознемирувачки, со оглед на прикажаните сцени од убиствата:



Спонзорирани линкови

Маркетинг