Зидан му одговори на Перез: Секогаш му го велам истото

Дерби

17/01/2020

21:45

2.377

Големина на фонт

а а а

По големиот успех во Саудиска Арабија, Реал Мадрид сега треба да се насочи кон новите предизвици во домашното првенство, а веќе утре ќе има сериозен предизвик во Примера, бидејќи на „Сантијаго Бернабеу“ гостува еден од најдобрите тимови во лигата.

Севилја игра навистина атрактивно и офанзивно под водство на Хулен Лопетеги, тренер кој утре ќе се врати на „Бернабеу“ како тренер на андалузискиот тим кој во овој момент е на делба на третото место на табелата со Атлетико Мадрид. Реал сигурно ќе влезе во пресметката како голем фаворит, без разлика на тоа што Зизу на овој натпревар нема да може да смета на повредениот Серхио Рамос и суспендираниот Феде Валверде. Покрај нив двајца, Зидан поради технички одлука не го вброја ниту Герет Бејл меѓу 18-мината кои ќе конкурираат за настап. ]

Францускиот стручњак не сакаше да зборува премногу за неповиканите играчи и не даде никакви детални објаснувања, но затоа му одговори на Флорентино Перез кој за Зизу порача дека е „благослов од рајот“ по деветтиот триумф во деветто финале кое го одигра како тренер на Реал.

– Секогаш го вели истото за мене, а јас кога го гледам, му го велам истото. Секогаш ќе му бидам благодарен за тоа што го направи за мене, што ме донесе тука како играч и како тренер. Веќе 18 години сум врзан со овој клуб и тоа е вистинскиот благослов. За мене секој минат ден во овој клуб е нешто многу големо, – порача Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг