Клоп му возврати на Солскјер со низок удар: Чудно е што тим како Јунајтед игра на таков начин!

Дерби

17/01/2020

21:14

1.665

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер започна со провокациите пред одигрувањето на големото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но интересно, не се чекаше долго за да пристигне одговорот од спротивната страна, бидејќи Јирген Клоп имаше подготвено добар одбранбен удар.

Менаџерот на Ливерпул ја искористи прес-конференцијата пред неделното дерби на „Енфилд Роуд“ за да ја омаловажи поставеноста на Јунајтед во дерби пресметките со неговиот тим, нагласувајќи дека не му е јасно како силен тим како Манчестер си дозволува да се брани цел натпревар против големиот ривал.

– Навистина е чудно кога играте против исклучително квалитетен тим како што е Јунајтед, а се соочувате со тим што игра како нив. Не знам дали сум го кажал ова досега, но мислам дека го имам кажано. Јунајтед постојано се брани против нас и тоа е единствената вистина. Тоа ни се случи и минатиот викенд против Тотенхем. Против Тотенхем, имавме 80 процентии посед по 70 минути игра и тоа не е нормално. Не знам како луѓето го сфаќаат ова, ако сакаат да го видат како критика, не можам да го променам тоа, – порача Клоп, откако претходно Солскјер изјави дека Јунајтед сигурно нема да чека 30 години за да освои титула во Премиер лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг