Утринава вооружени крадци упаднале во НЛБ банка и украле 8.700 евра

Точка

17/01/2020

20:03

2.401

Големина на фонт

а а а

Во вооружениот грабеж кој утринава се случи во НЛБ Банка во населбата Ѓорче Петров, вооружените крадци украле 8.700 евра, соопштија од банката.

Оттаму потврдуваат дека безбедносните мерки во банката ги спречиле крадците да направат поголема материјална штета и дека вработените од банката се во добра здравствена состојба и дека нема повредени.

„По вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, уште еднаш потврдуваме дека клиентите и вработените на банката се безбедни и се во добра здравствена состојба. Во текот на истрагата е утврдено дека со грабежот се одземени 8.700 евра“, наведуваат од банката.

Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник, 20 јануари.

Од банката посочуваат дека и понатаму соработуваат со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг