Во сценариото на нуклеарна апокалипса ќе се појави нешто кое ќе го смени целото човештво и ќе даде надеж за живот

Точка

17/01/2020

23:45

6.447

Големина на фонт

а а а

Нуклеарната војна веројатно ќе резултира со глобално заладување и мрак што би можело да доведе до глад меѓу оние кои ќе преживеат, тврдат експертите.

Смртта на околу сто милиони луѓе би бил директен резултат на таква катастрофа, но еден истражувач смета дека неговата “храна за судниот ден“ би можела да го спаси човештвото.

Дејвид Денкенберг, машински инженер на Универзитетот во Аљаска води непрофитна Алијанса за исхрана на Земјата во текот на катастрофите кои ѝ се случуваат (ALLFED). Тој за „Бизнис Инсајдер“ изјавил дека човекот можеби ќе може да преживее по нуклеарната војна доколку се придржува до оддржување на “исхраната за катастрофа“.

Истражувачите претходно откриле дека нуклеарната војна помеѓу Индија и Пакистан би можела веднаш да убие од 50 до 125 милиони луѓе, а остатокот да го остави во нуклеарна зима затоа што чадот би ја блокирал сончевата светлина.

Денкенберг исто така напишал и истражувачка работа за својата теорија и изјавил:

„Заклучокот на моето истражување беше дека можеби кога човекот би умрел во светот повторно би владееле печурки. Реков: Зошто не би јаделе печурки и не би преживеале?“.

Се смета дека печурките би можеле да опстанат по нуклеарна војна затоа што би се хранеле со милион мртви стебла. Така би имало доволно храна за гладните луѓе.

Денкенберг во својата студија проценил и напишал дека тогаш би имало доволен број печурки за три години по нуклеарната катастрофа со која би се хранеле преживеаните луѓе.

Исто така тој додава и дека морските алги се добар извор на храна во вакво сценарио затоа што можат да поднесат ниско ниво на светлина.

„Исто така тие многу брзо растат. Во нуклеарна зима копното ќе се разлади побрзо од океаните па океаните ќе останат малку потопли, а морските алги би можеле да поднесат релативно ниски температури“.

Што треба да јадат луѓето за да преживеат нуклеарна војна?

Денкенберг исто така составил и план на исхрана од 2.100 калории кој содржи работи кои луѓето би морале секојдневно да ги јадат за да можат воопшто да преживеат нуклеарна војна.

Исхраната вклучува туна, говедско месо, јајца, млеко, пилешко месо, шеќер, печурки, путер...

За црните постнуклеарни денови тој предложува и чај од зимзелени растенија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг