Ужасни сцени на местото на несреќата пред 5 децении: Покрај остатоците на авионот пронашле мртви тела

Точка

17/01/2020

18:50

4.775

Големина на фонт

а а а

Двајца мртви Кинези се пронајдени на местото каде што во 1973-та година се сруши авион на Исланд, пренесува „БиБиСи“.

Исландската полиција објави дека маж и жена на возраст од околу 20-тина години биле пронајдени во близина на местото на несреќата кај Солхеимасанду. Портпаролот на полицијата најави дека причината за смртта ќе се дознае по обдукцијата закажана за почетокот на идната седмица.

Тој истакна дека не се пронајдени никакви докази дека станува збор за злосторство, додавјаќи дека на телата има знаци на смрзнување.

Инаку, американски воен авион во 1973-та година останал без гориво, па се срушил на плажа во близина на Солхеимасанду. Во авионската несреќа никој не настрадал, а остатоците од авионот и натаму се наоѓаат на истото место и во меѓувреме станаа туристичка атракција.


Од исландската полиција соопштија дека на местото на несреќата пристигнале во текот на вчерашниот ден откако било пронајдено женско тело на патеката која води кон остатоците на авионот. Телото на мажот било пронајдено во близина два часа подоцна.

Автомобилот за кој се верува дека Кинезите го изнајмиле бил пронајден на околниот паркинг.

Челникот на исландското туристичко здружение, Јоханес Тор Скуласон изјави дека неговата организација соработува со хотелите и компаниите кои изнајмуваат автомобили на тоа туристите да бидат предупредени на лошите временски услови.

„Имаме среќа поради неодамнешната експанзија на туризмот, но некогаш се случуваат вакви работи со кои мораме да се носиме“, изјави Скуласон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг