Тој е тука кога ви е "најтешко": Роботот кој ви носи спас од најнепријатно чувство

Точка

17/01/2020

16:16

1.725

Големина на фонт

а а а

На CES 2020 видовме многу новости, но не волку необични. Поради овие роботи, одењето во тоалет никогаш не изгледало попривлечно.

Како што знаеме, CES 2020 ни донесе многу мали роботи, но овој можеби е најконкретен. 

Тој знае што ви е потребно во најкритчните моменти - кога ќе ви снема тоалет хартија.

Ролботот се поврзува со вашиот мобилен телефон и ви носи нова ролна тоалет-хартија во случај да сте се нашле во "тесно".

Не е сосема јасно како ролботот кој нема раце, дланки или палци, може да извади нова ролна од плакарот и да ја отвори заклучената врата од тоалетот за да ви ја достави, но за тоа веројатно ќе се мисли на CES 2021.

Засега и оваа генијална идеја е доволна, и мило ни е што некој се сетил на овој проблем.

"Ролботот" на сцена излегол заедно со SmellSense, сензор кој ви кажува дали е безбедно да влезете во тоалет откако некое друго лице го користело истиот.

SmellSense, на основа на јаглерод диоксидот во воздухот, дава сигнал "да" или "не", пишува сајтот "CNET".

Но, тоа не е крај за "WC" технологијата.

Последниот во низата необични уреди е AR V.I.Pee.

Оваа футуристичка WC кабина поседува "Oculus Rift S VR", сет кој ви ги покажува моменталните случувања на настанот на кој присуствувате. Дизајнирана е така да ви овозможи поглед од прв ред, на пример на концерт во текот на кој сте направиле пауза за тоалет.

Единственото што е лошо во врска со оваа hi-tech кабина е тоа што поради погледот од прв ред можеби тешко ќе се натерате себеси да излезете.

"GoLab" концептите на компанијата "Charmin", за жал, се уште не се во продажба.

Засега и ќе остане на ниво на концепт, кој има за цел да ни покаже како технологијата може да ни помогне на најнеочекуваните места.



Спонзорирани линкови

Маркетинг