Родителите на учениците од едно средно училиште во Хјустон побеснеле кога дознале дека на тестот за биологија, на нивните деца им било поставено прашање кое опишувало силување.
Учениците од средното училиште добиле задача во која морале да одговорат кој од наведените осомничени од хипотетичкото сценарио е силувачот.
“Сузи била нападната во уличка и е жртва на силување. Полицијата зела примероци од спермата на местото на злосторството и уапсила тројца осомничени. Кој од нив ја силувал Сузи?”, гласело прашањето кое ги разбеснело родителите на 90 ученици во доба од 14 и 15 години кои го решавале овој тест, пренесува “New York Post”.
Фотографијата од контроверзното прашање брзо се проширила на социјалните мрежи, а шокираните родители започнале да се жалат.
“Ова е вознемирувачко. Девојките на тие години знаат дека силувањето е присилен чин на секс и тоа ги вознемирува. Поради тоа не ми е јасно како на професорите им паднало напамет да стават нешто такво во тестот”, изјавила Куки Вон Хејвен, мајка на една ученичка.
Question about rape ends up on biology homework assignment for 9th-graders at Klein Collins HS https://t.co/FVaSo0JXis pic.twitter.com/eNdf8oJ8QU
— KPRC 2 Houston (@KPRC2) January 14, 2020
Откако примиле жалби од бројни родители, училишниот одбор навел дека станува збор за грешка, а не за стандарден дел од наставата.
“Оваа задача не е дел од наставната програма која е одобрена во овој округ. Истраживме и како дошло до ова и спроведени се соодветни мерки”, велат од одборот.