Меган Маркл своевремено била Грета Тунберг: И денес се зборува за она што го направила на само 11 години!

Точка

17/01/2020

12:28

2.188

Големина на фонт

а а а

Светот во 21-ви век ја има младата Грета Тунберг, која протестира против климатските промени и се бори за заштита на животната средина, а во 20-ти век ја имал младата Меган Маркл која на само 11 години се борела за поголеми права на жените.

Социјалниот активизам на рана возраст е сличноста помеѓу Грета и Меган, која можеби како дете не дошла до глобално влијание какво што има сега на 38 години, но она што го направила како девојче, било несекојдневно, многу важно и ѝ го одредило животниот пат.


Имено, Меган на 11 години протестирала поради рекламна кампања на гигантска компанија, и тоа поради пораката која ја промовирала - дека жените, односно мајките треба сè да работат.

Меган напишала писмо и ѝ го испратила на компанијата која ја променила кампањата. Колку било значајно тоа што го направила Меган, неколку години подоцна го потврдила и една водителка која ја интервјуирала.

Истакнала дека малата Меган не била свесна за моќта која ја имаат жените и која таа ја поседува и дека не ѝ било страв да ја употреби.

На фиминизмот останала посветена и кога пораснала, а во 2016-та година дала важно интервју во кое ја истакнала важноста на „UN Women“ - организацијата во која била член, а која се залагала за што поголема вклученост на жените во политичкиот живот на нивните заедници. Тогаш била на турнеја во Африка.

Меган со феминизам се занимавала и кога станала војвотката од Сасекс, па во 2018-та година истакнала дека е важно и мажите да го поддржуваат феминизмот, бидејќи тоа може да ги подобри нивните животи. Тогаш таа гордо рекла дека Хари ги поддржува феминистичките цели.

А после одлуката која на почетокот на овој месец ја соопшти со сопругот Хари, се вратила на активната борба за помош на жените и децата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг