На црвениот тепих е модна икона, а на улица не би ја препознале - еве за која холивудска актерка станува збор

Точка

17/01/2020

11:24

3.364

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс се фатени од папараците додека биле на опуштена прошетка.

Актерката која е позната по високите потпетици, а особено сака да носи штикли од Кристијан Лабутин, многумина изненади со ова издание во кое прошета низ улиците на Њујорк.


Црните тренирки ги комбинирала со маица и црни длабоки патики. Врз тоа облекла маслинесто зелена јакна и капа во истата боја, а целиот изглед го надополнила со шал.

Иако многумина биле воодушевени што ја виделе актерката во вака лежерно и опуштено издание, имало и такви кои рекле дека не успеале да ја препознаат, бидејќи се навикнале на нејзиниот беспрекорен изглед на црвениот тепих.


„Со ова покажа дека е една од нас, обична жена, без комплекси“, гласел еден од коментарите.


На трети не им се допаднала, па коментирале дека изгледа премногу опуштено и дека со овој стил потсетува на бездомничка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг