Дали ова е конечно конкуренција за "Google Chrome"?

Точка

17/01/2020

10:43

3.839

Големина на фонт

а а а

Microsoft официјално го пуштил во работа својот нов пребарувач "Edge", кој работи на ист софтвер како и "Google Chrome".

Корисниците на оперативниот систем "Windows" и "Mac" можат да го преземат и инсталираат овој пребарувач, а во автоматските ажурирања ќе се појави за Windows корисниците веќе од следната недела. 

Microsoft Edge би требало да биде пребарувач од нова генерација, па би можеле да очекуваме значително подобри перформанси отколку досега.

Освен побрзото пребарување и поголемата безбедност, најавени се и некои нови корисни функции, како што е можноста да се отвораат постари интернет апликации.

"Collections", функцијата која овозможува собирање на информации од интернет страни и нивно организација во лесно изменливи документи, за жал нема да биде достапна веднаш.

Ако е за утеха, веројатно ќе биде подготвена за шест до осум недели, пишува "Engadget".



Спонзорирани линкови

Маркетинг