Хаската која изгледа како цртан лик ги освои срцата на луѓето ширум светот, но нејзината приказна е тажна

Точка

17/01/2020

10:41

2.819

Големина на фонт

а а а

Една женска хаска ги освои срцата на илјадници љубители на животни откако нејзините фотографии биле објавени на Фејсбук.

Џубили е симпатична хаска со трајно збунет израз на лицето поради што многумина велат дека изгледа како лик од некој цртан филм. Но, и покрај уникатниот изглед, таа и понатаму не успева да пронајде дом иако многумина на Фејсбук пишуваат дека веднаш би ја вдомиле. 

“Моето име е Џубили. Јас сум 4-годишна женска хаска која долго време е тука. Потекнувам од одгледувач кој не можеше да ме продаде бидејќи ми рече дека изгледам чудно. Хаските се величенствени кучиња и не знам зошто не изгледам како нив. Посакувам да сум убава за некој да посака да ме земе како негово милениче”.

“Ги сакам другите кучиња, но не сакам мачки. Ги сакам луѓето, но малку сум срамежлива бидејќи воглавно ми се смеат поради изгледот. Зарем никој не сака смешна хаска? Посакувам да имам семејство кое би ме сакало иако не сум убава”, пишува покрај фотографиите од Џубили кои веднаш станале вирални на Фејсбук.

Хаската е 18 месеци во здружението “Husky House” кое делува во Њу Џерси, а оттаму се надеваат дека некој конечно ќе ја вдоми откако таа стана славна на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг