Се пофалил со фотографија од новиот дом па мајка му го предупредила за 18+ детаљот на истата...

Точка

16/01/2020

20:55

7.802

Големина на фонт

а а а

Британецот кој се преселил во Тенерифе и се пофалил со својот нов дом на мајка му и неговите пријатели станал хит на интернет.

Крис Ки им испратил фотографија од својот нов дом на својата мајка и на неговите пријатели, несвесен што направил сè додека неговата мајка не одговорила на неговата фотографија.

„Зарем така се оди сега по Тенерифе? Доколку да тогаш мислам дека татко ти и јас сме ти спакувале премногу работи“ - му одговорила неговата 62-годишна мајка Карол, пренесуваат од „The Sun“.

Продавачот Крис (40) отишол да живее на Тенерифе пред 14 месеци, а неодамна се преселил во неговиот нов дом со двајца пријатели.

Тој вели дека инаку не е нудист, но тој ден одлучил да се сонча гол. По неко време одлучил да го фотографира својот нов дом и фотографијата да ѝ ја испрати на неговата мајка и приајтелите за сите да видат каде живее.

„Дури кога мајка ми ми одговори сфатив што направив“ - вели Крис. Исто така тој додал дека му било малку непријатно, но на крајот и сам се пошегувал.

„Тоа што беше уште посмешно е тоа што никој од моите пријатели не го забележа тоа што го забележа мајка ми“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг