Македонската популарна актерка, Нина Деан, ги израдува своите фанови, но и поголемиот дел од македонската јавност со информацијата дека напролет ќе стане мајка.
Таа и нејзиното момче Мартин го очекуваат нивното прво дете.
Инаку, Мартин е нејзината љубов од детските денови. Тие не биле во контакт цели 13 години, а сега не само што повторно се заедно туку наскоро ќе станат прекрасни, млади родители.
„Пресреќна сум. Никогаш не ми било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата нè одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото - изјавила Нина Деан неодамна.
Нина по повод оваа убава вест објави и фотографија на социјалната мрежа Инстаграм со трудничкиот стомак на која напиша: „Безусловно“.
Погледнете ја фотографијата: