Трансформацијата на Конор Мекгрегор по затворот, тепачките, обвиненијата за кокаин и сексуално злоставување

Точка

16/01/2020

19:47

3.420

Големина на фонт

а а а

Конор Мекгрегор во недела наутро се враќа во октагонот, првпат по бруталната тепачка која ја доживеа со Хабиба Нурмагомедов на 6-ти октомври 2018-та година.

Ирецот ќе ги измери силите против Американецот Доналс во Лас Вегас на УФЦ 246.

Мекгрегор е една од најконтроверзните спортски фигури на денешницата, но делува целосно концентриран пред враќањето во октагонот.

##https://twitter.com/JamieGos/status/1161947835765534721##

Во борбата против Хабиба, кој го навредуваше на национална и верска основа и го омаловажуваше на секој чекор имало многу скандалозни моменти.

Таа борба на Мекгрегор му донела проблеми и надвор од рингот. Пред УФЦ 223 во Њујорк имал напад во автобус во кој биле повредени неколку борци и поради што и тој бил повреден.

Тоа било само дел од скандалот кој го следел Мекгрегор претходните години.

Апсење поради напад на автобус со борци во април 2018-та година не бил единствениот случај кога тој со лисици на рацете бил однесен во полициска станица.

Исто така тој бил на суд и поради тепачка во некој паб во Даблин кога го удрил Десмонд Ки во глвата поради што бил казнет со 1.000 евра.


Тепачката се случила на 6-ти април кога Мекгрегор го промовирал своето виски кое го брендирал „Proper 12“.

Во 2019-та година се појавиле и гласини дека токму тој бил член во друштво кое уживало во хедонизам и прекумерна употреба на кокаин и дека поради тоа станал агресивен па често влегувал во конфликти со обични луѓе на улица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг