Протекоа приватни фотографии од Меган Маркл: Истите морала да ги избрише штом Хари ѝ ставил прстен на рака

Точка

16/01/2020

19:20

9.407

Големина на фонт

а а а

Странските медиуми се распишуваа за животот на Меган како актерка пред да стане војвотка од Сасекс.

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) и понатаму се меѓу главната тема на светските медиуми бидејќи како што знаеме одлучија да се откажат од кралската должност и да станат финансиски независни надвор од рамките на строгите правила на британската круна.


Пред да стане војвотка Меган имала свој блог и водела дневник на Инстаграм, но сето тоа морала да го избрише кога се верила за Хари.

Тогаш обожавателите можеле да видат различни фотографии од нејзиниот приватен живот, како ѝ изгледал домот во кој живеела, кои дестинации ги посетувала и слично.


Меѓутоа, нејзините приватни фотографии од Инстаграм сега повторно се активни бидејќи некој ги сочувал и ги споделил на социјалните мрежи, а сега истите со брзина на светлината се шират по интернет.


Меѓу фотографиите се и оние на кои Меган е во долна облека, костим за капење, модни комбинации кои ѝ ги истакнуваат градите, и фотографии на кои таа позира со длабоко деколте.


Исто така на некои фотографии војвотката од Сасекс вежба јога додека ужива со чаша шампањ на крајбрежјето. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг