NYT: „Балканот се гуши во смог, а членството во ЕУ засега е неизвесно“

Точка

16/01/2020

18:03

3.904

Големина на фонт

а а а

Драматично високото ниво на загадување на воздухот на Балканот си го најде своето место и во светските медиуми. Угледниот „New York Times“ наведува дека поголемиот дел од балканските градови во последниве денови се соочуваат со опасното ниво смог, што предизвикува незадоволство кај граѓаните.

Како што знаеме вчера владата на Србија свика итен состанок за решавање на проблемот откако било утврдено дека загадувањето на воздухот за време на претходниот викенд беше на високо ниво, а итни мерки се применуваат и во Сараево, Босна и Херцеговина, наведува американската агенција AP.


Во претходниот извештај американската програма за заштита на животната средина наведува дека Сараево има најголема концентрација на загаден воздух во цела Европа додека пак луѓето кои живеат на запад од Балканот во просек губат по 1.3 години од животот поради загадениот воздух, пишуваат од „New York Times“.

Високата концентрација на токсичните честички во воздухот е типична за зимите во балканските земји кои од голема мера зависат од елекраните за јаглен и онаму каде што луѓето возат стари автомобили и користат дрва за огрев, пишуваат од американскиот весник.


Временските услови овие денови кои се без ветер и густа магла исто така го влошиле проблемот.

Во текот на минатата седмица нивото на ПМ честички во воздухот во Сараево било најмалку двапати, а понекогаш е и осум пати поголемо од дозволеното во ЕУ.


Експертите предупредубаат дека овие, но и другите еколошки потешкотии би можеле да ги запрат напорите на Балканските земји кои сакаат да се придружат на ЕУ, а меѓу нив е и Македонија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг