Еве како бесплатно od Windows 7 да преминете на Windows 10

Точка

16/01/2020

15:55

1.160

Големина на фонт

а а а

Некои корисници се загрижени бидејќи Microsoft повеќе не пружа поддршка за Windows 7 оперативниот систем. Еве, затоа, кратко упатство како од Windows 7 да го надградите вашиот компјутер на Windows 10.

Единствена претпоставка е дека имате Windows 7 кој е легално активиран, односно да имате License Key. 

За да направите бесплатно ажурирање, прво треба да одите на сајтот на Windows 10 оперативниот систем.

Пред да започнете со инсталација на Windows 10, секако е препорачливо да направите бекап. Не би требало да ви се бришат податоците, освен ако самите тоа не го сакате, но нема да е лошо да имате бекап податоци за секој случај.

Можете да добиете Windows 10 дури и ако немате ниеден оперативен систем инсталирано на својот компјутер, само е потребно при инсталација да наведете важечки License Key за Windows 7 или 8.

Одберете "Download tool now" и преземете го .exe документот.

Преземете го тој фајл, следете ги упатствата, и кога ќе ви биде понудена, одберете ја опцијата "Upgrade this PC Now".

Програмата ќе ве праша дали сакате да ги зачувате своите документи, или сакате да почнете со чист систем, без никакви податоци.

Откако новиот оперативен систем ќе биде инсталиран, проверете се на Settings > Update & Security > Activation screen.

Ако пишува "activated with a digital License", се е како што треба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг