Која вештина ќе биде најбарана во 2020-та година?

Точка

16/01/2020

15:04

3.014

Големина на фонт

а а а

Блокчејн ќе биде најбарана вештина во 2020-та година, покажало новото истражување на социјалната мрежа Linkedin.

Само што пристигна годишниот попис на најбарани вештини на Linkedin, а блокчејн го зазема самиот врв на листата на најбарани вештини во 2020-та година, се наведува во постот на Linkedin. 

Во 2019-та година блокчејн ги престигна вештините како што се клауд компјутинг, аналитичко заклучување, вештачка интелигенција и дизајн на корисничко искуство, па станал најбарана вештина меѓу глобалните работодавци во 2020-та година.

Конкретно, побарувачката на вештините кои ги бараат работодавците е мерена со утврдување на вештините наведени на профилите на Linkedin на луѓето кои се вработени. Анализата вклучувала само градови со барем 100.000 активни корисници на Linkedin.

За разлика од помеките вештини, тврдите вештини се однесуваат на вештини кои вклучуваат способност на вработените да завршат одредена задача и вклучуваат специјализирано знаење и технички способности како што е развој на софтвер, даночно сметководство или правни експерти.

Од друга страна, меките вештини се вештини кои повеќе се однесуваат на начинот на кои тие задачи се вршат, како вработените се прилагодуваат, соработуваат, решаваат проблеми и донесуваат одлуки.

Linkedin е уверен дека пред блокчејн има светла иднина. Го истакнал огромниот потенцијал на блокчејн технологијата во смисла на пружање на ефикасност на трошоците и времето, сигурни и децентрализирани методи на следење на трансакции од сите видови.

Нагласено е дека бројни напредни светски компании како IBM, Oracle, JP Morgan, Amazon, како и Linkedin и Microsoft активно ја применуваат таа технологија. Во истражувањата се поттикнува свеста за важноста на блокчејн технологијата.

Блокчејн произлегол од некогаш непознатиот свет на криптовалутите, за да стане работно решени во потрага за проблемите. Тоа значи дека не мора да нудите финансиски услуги за да барате нови вработени кои имаат искуство со блокчејн технологијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг