Тинејџерка избркана од училиште поради оваа фотографија, никој не може да поверува што е причината

Точка

16/01/2020

22:34

12.311

Големина на фонт

а а а

Една средношколка од Кентаки била избркана од училиште откако на нејзиниот Фејсбук профил објавила спорна фотографија од својата роденденска прослава.

Тинејџерката го прославила својот 15-ти роденден во бел џемпер со виножито на него, а пред неа стоела торта украсена во боите на виножитото.  

И тоа веројатно би било во ред доколку Кајла Кенеј не учела во католичко училиште, чии начела не се согласуваат со симболиката која тинејџерката, според нивните верувања, експлицитно ја претставила на својата прослава, а тоа е промовирање на различностите.

Имено, Кајла за својот роденден отишла во локален ресторан со своето семејство. Нејзината мајка Кимберли Алфорд ја фотографирала со тортата и ја објавила фотографијата на социјалните мрежи, а тоа веднаш го привлекло вниманието на директорот на училиштето.

“Беше среќна, изгледаше прекрасно. Како мајка, ја фотографирав како ги дува свеќичките и го објавив тоа на Фејсбук”, изјавила Алфорд за медиумите. Сепак, семејството не очекувало дека Кајла би можела да биде казнета само затоа што ги носела на себе боите на виножитото кои се заштитен знак за ЛГБТ заедницата.

Неколку дена по објавувањето на фотографијата, директорот на христијанското училиште “Вајтфилд Академија”, Брус Џејкобсон, го контактирал семејството на Кајла.

“Тоа беше мејл со кои бевме известени дека Кајла е избркана од училиште поради објава на социјалните мрежи”, вели мајката која тврди дека немало никаква скриена агенда или значење зад таа фотографија – нејзината ќерка едноставно го славела својот роденден.

Кодексот на однесување на училиштето вели дека учениците можат да бидат санкционирани и за однесување надвор од училиштето доколку нивните верувања за сексуалната ориентација не се во согласност со верувањата на училиштето.

Од “Вајтфилд Академија” дозволиле Кајла доброволно да се отпише од училиштето за тоа да не биде видливо во нејзината евиденција. Тинејџерката сега посетува јавно училиште.



Спонзорирани линкови

Маркетинг