Како е во нормалните земји: Во 2019-та година во Осло имало само една жртва во сообраќајна несреќа

Точка

15/01/2020

19:35

3.283

Големина на фонт

а а а

Неверојатни и подеднакво радосни вести ни пристигнуваат од северот на Европа. Норвешката престолнина Осло во 2019-та година има само една жртва во сообраќајна несреќа.

Норвешкиот план Vision Zero е во примена повеќе од две децении и дава одлични резултати. Целта е нула загубени животи во сообраќајни несреќи и се чини дека Норвежаните навистина ќе ја достигнат оваа бројка која за Македонија, земја со ужасна сообраќјна култура навистина е научна фантастика.

Така, во главниот град на скандинавската земја кој има популација од 673 илјади жители во 2019-та година, само едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа. Станува збор за возач кој со автомобилот удрил во ограда на железничка станица.


Тоа значи дека во Осло во 2019-та година немало загинати пешаци, велосипедисти, ниту лица помлади од 16 години. Норвешка брилира во оваа сфера, затоа што на државно ниво минатата година на норвешките патишта нема загинато ниту едно дете, односно лице помладо од 16 години.

Градоначалникот на Осло, Рејмонд Јохансен вели дека тоа е благодарение на обемниот и детален план.


„Ја намаливме максималната дозволена брзина за автомобили, го намаливме бројот на паркинг места во централните делови на градот, некои делови од Осло ги прогласивме за исклучиво пешачки зони, а воведовме и забрана за употреба на автомобили во околината на училиштата“, изјави Јохансен.

Јохансен изјави дека верува дека и технологијата е многу важна за унапредување на безбедноста на јавните патишта, а градските власти на Осло имаат пилот проект за автономни возила во јавниот превоз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг