Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид вмешан во атентатот на Дарко Ковачевиќ?

Точка

15/01/2020

17:36

7.841

Големина на фонт

а а а

Приказните од Атина го спомнуваат апсењето на Раул Браво и неговата конекција со поранешниот српски фудбалер.

Поминаа повеќе од седум денови откако беше пукано во популарниот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ пред неговата куќа во Глифади во предградието на Атина.

Последно нешто кое беше објавено во грчките медиуми беа информациите дека атинската полиција дошла до снимка од една од сигурносните камери која го уловила моментот кога било пукано во Дарко и дека на снмката се гледа човек со капа кој го извршил нападот. Снимката била однесена на вештачење по што се очекуваат конкретни информации.


Секако, иако нема официјални информации речиси секогаш во вакви ситуации се појавиле и неофицијални приказни од разни извори кои се пренесуваат по луѓето па и по фудбалските клубови затоа што се рабори за познат играч кој славата ја стекна ширум Европа.

Базата на Дарко повеќе години била во Олимпијакос во која започнал и функционерска кариера, а токму од тие извори блиски до клубот од Пиреј допираат гласините за позадината на нападот на Србинот која нималку не е наивна.

Според приказните кои кружат по Атина овие денови, Дарко Ковачевиќ имал конфликт со поранешниот соиграч на Олимпијакос, Раул Браво, шпанскиот лев бек со кој ја делел соблекувалната во Караискаки од 2007-та до 2009-та година.


Раул браво е еден од 11-те уапсени во големата акција на шпанската полиција против местење натпревари, корупција и перење пари.

Дарко наводно ја знаел позадината на целата афера затоа што меѓу другото настапувал во Шпанија дури девет години во два мандати во Реал Сосиедат и тие сочни детали ги раскажал на некој од Шпанија на кој не смеел што би можело да ја загрози позицијата на Раул Браво и останатите кои биле вмешани во аферата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг