Први фотографии од Меган Маркл после драмата - во целосно опуштено издание! А само кога ќе ѝ го видите изразот на лицето...

Точка

15/01/2020

23:30

11.899

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл е фотографирана првпат после кризниот состанок кој беше одржан во понеделникот во Велика Британија.

На состанокот се одлучуваше за иднината на Маркл и принцот Хари, после одлуката дека се одвојуваат од кралското семејство.

Папараците ја фотографирале Меган Маркл кога се качувала во авион, додека си одела од посетата на еден женски добротоворен центар во Канада. Таа постојано имала широка насмевка на лицето.

После тоа се појавија и фотографии кои настанале за време на посетата во центарот, на кои може да ја видиме Меган во опуштено издание - носи бел џемпер, црни панталони и чизми.

„Погледнете со кого пиевме чај денеска! Војвотката од Сасекс, Меган Маркл нè посети денеска за да поразговараме за проблемите кои се однесуваат на жените во заедница“, стои во описот на фотографијтата која овој женски центар ја сподели на социјалните мрежи.

Како што пренесуваат британските медиуми, телохранителот на Меган ја испратил до авионот.

„Не мораше да седи и да чека со останатите патници внатре во терминалот“, рекол извор од аеродромот за британскиот „The Sun“.

Како што се наведува, и прицот Хари наскоро ќе стигне во Канада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг