На повидок нов "дизелгејт"

Точка

14/01/2020

20:31

6.264

Големина на фонт

а а а

Новите возила со мотори на дизел погон ги надминуваат ограничувањата за штетни издувни гасови, соопштила европската групација за Сообраќај и екологија (TiE).

Оваа организација побарала од пратениците во Европскиот парламент да ги заострат регулативите за емисијата на штетни гасови. 

"Четири години откако германскиот произведувач на автомобили "Volkswagen" ја призна вината за лажирањето на резултатите за испитувањето на штетните гасови, новите резултати покажуваат дека во случајот на двата најпродавани модели на возила во Европа загадувањето со честици пораснало на 1.000 пати повеќе во текот на редовниот процес на чистењето на нивните филтри против загадување", се истакнува во соопштението на TiE.

Според резултатите од тестовите направени на возилата Nissan Qashqai и Opel Astra, надминато било дозволеното ограничување на штетните гасови од 600 милијарди честици по километар, од 32 до 115 проценти во текот на автоматското чистење на филтерите.

Од Opel не можеле да го коментираат извештајот бидејќи, како што наведуваат, немале увид во деталите од истражувањето на TiE.

Од Nissan било соопштено дека сите нивни возила и филтри за прочистување на честици во целост се во склад со регулативите за штетните гасови.

Според податоците на Светската здравствена организација, загадувањето со штетни честички влијае повеќе на луѓето од било кој друг загадувач.




Спонзорирани линкови

Маркетинг