Кина го пушти во работа “Небесното око“ - најголемиот радио телескоп во историјата на човештвото

Точка

14/01/2020

20:20

2.444

Големина на фонт

а а а

Кина во саботата официјално го отворила најголемиот светски радио телескоп кој сè уште во таа земја го нарекуваат „Небесно око“ и кој ќе се користи за вселенски истражувања и потрага по вонземјански облик на живот.

Петстотини метри широкиот сферен радио телескоп - Fast ((Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope – FAST) зазема површина од 30 фудбалски игралишта, а сместен е во планинскиот венец на југозападната провинција Гуејџоу.

Кинеската агенција Синхуа известила дека изградбата на телескопот била завршена уште од 2016-та година и оттогаш биле спроведувани тестови и биле правени поправки на недостатоците.

Главниот инженер на Fast - Џианг Пенг, наведува дека пробните операции на телескопот досега биле стабилни, а дека неговата чувствителност е двапати поголема од вториот најголем телескоп на светот.

Во текот на пробната работа, кинеските научници дошле до некои вредни научни податоци од кои се очекува да се добие нов напредок во областа на откривањето на гравитационите бранови на ниските фреквенции и меѓуѕвездените молекули во наредните три до пет години, наведува Сонхуа.

За Кина е приоритет унапредувањето на вселенската програма

Унапредувањето на кинеската вселенска програма е приоритет на Пекинг и земјата поставила цел да е во чекор со Русија и САД и да стане главна вселенска сила до 2030-та година.

Кина планира во наредните години да покрене изградба на сопствени вселенски станици. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг