Вакви свадбени фотографии уште не сте виделе: Рекле "да" покрај активниот вулкан на Филипините

Точка

14/01/2020

19:02

2.025

Големина на фонт

а а а

Еден од најактивните вулкани на Филипините веќе неколку дена исфрла пепел во воздухот, но тоа не ги спречило Чин Вафлор и Кат Баутиста Паломар да се венчаат, додека свадбените фотографии им се крајно несекојдневни.

Еден пар на Филипините не дозволил природата да им ги наруши плановите, па така и покрај тоа што вулканот Таал исфрла пепел и лава, го кажале судбоносното "да". 

Еден од најактивните вулкани на Филипините веќе неколку дена исфрла пепел во воздухот, но тоа не ги спречило Чин Вафлор и Кат Баутиста Паломар да се венчаат додека свадбените фотографии им се крајно несекојдневни.

Фотографот Рандолф Еван за BBC рекол дека забележале чад од вулканот во текот на подготовките и дека тогаш дознале дека се случува нешто необично.

Тоа утро, филипинските власти објавиле тревога поради опасноста која се заканува и најавиле можност за експлозивна ерупција.

Околу 450.000 луѓе морало да бидат евакуирани.

Вулканот Таал се наоѓа јужно од престолнината Манила, а освен фотографии од венчавката, светот го обиколиле и оние на кои се гледа дека буквално се е под пепел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг