Вратена територија: Петициите не донеле ништо, а што значи тоа за туристите?

Точка

14/01/2020

19:32

4.642

Големина на фонт

а а а

Колку би било необично додека се шетате низ Швајцарија, на брегот на езерото Лугано, да налетате на Италија?

Всушност, воопшто не би било необично, бидејќи Швајцарија одлучила да врати дел од својата територија. 

Градот Кампионе Д'Италија се наоѓа на самиот брег на езерото, а во него живеат околу 2.000 луѓе кои од 1860-та година всушност живееле во италијанската енклава на швајцарската територија. Иако официјално припаѓал на Италија, градот во целост функционирал како остатокот од Швајцарската конфедерација.

Тоа би требало да се промени сега, кога од Рим било пратено официјално барање до Брисел за враќање на Кампионе Д'Италија на Италија и на територијата на ЕУ. Барањето е одобрено, а официјалната примена почнала на почетокот на оваа година.

За жителите, кои досега користеле швајцарска валута, лиценци, услуги, закони, ова ќе биде голема промена.

Кога станува збор за туристите, промената нема да биде преголема, само што сега ќе мора да ги имаат двете валути во себе, и франци и евра, пишува "Lonely Planet", како и тоа дека ќе мора да проверат дали за земјата од која доаѓаат е потребна виза.

Целата област околу Лугано е привлечна за туристи, а новиот италијански град припаѓа во областа Комо. За која од областите да се одлучите да ја истражите, уживајте во малите места полни со култура, историја и забава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг