„Доколку земам пијалак или дрога ќе бидам мртва“: Исповед на познатата манекенка за борбата со зависноста

Кармин

14/01/2020

19:22

3.624

Големина на фонт

а а а

„Само доколку останам трезна имам шанса за опстанок“ - рекла Амбер Велета.

Познатата манекенка Амбер Валета (45), некогашното заштитно лице на куќата „Армани“, ја отворила својата душа за „NET-A-PORTER“, а во својата исповед зборувала за својата зависност од алкохол и наркотици.

Оваа убавица рекла гордо дека е трезна веќе 25 години.


„Доколку земам (алкохолен) пијалак или пак дрога ќе бидам мртва. Сè ќе упропастам“ - рекла Амбер и додала: „Само доколку останам трезна имам шанси за опстанок“.

Како што навела, првпат се соочила со дрогата кога имала само 10 години, а на 18 години почнала да консумира кокаин.

Амбер Валета станала популарна во 90-те години на минатиот век, а имала одличен однос и со колешката Кејт Мос и Шал Харлоу.

„Се боревме една за друга, плачевме заедно, се поддржувавме“ - раксажала Амбер која навела дека го мрази денешното време на селфи.


„Селфито ми делува многу непријатно. Сакам работите да се сменат, тоа е сето она што сега ме интересира“ - наведува манекенката која станала и активистка за заштита на животната средина.

Неодамна заедно со актерката Џејн Фонда била уапсена во протестите во Вашингтон.

„Не можам да стојам отстрана, морам физички себеси да се ставам на “линија“. Избрав да бидам уапсена“ - рекла Амбер. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk