Дали се ова реални очекувања? Американците сакаат Иран да биде како Норвешка

Точка

14/01/2020

18:40

1.570

Големина на фонт

а а а

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео упати низа на критики против Иран за време на неговиот говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Помпео порача дека иранскиот генерал Касим Сулејмани кој неодамна беше убиен во воздушен удар од страна на американското воено воздухопловство е виновен за убиството на над 600 Американци и според злосторствата го спореди со Осама Бин Ладен.

„Зошто илјадници Ирачани излегоа да слават на улиците кога слушнаа дека Сулејмани е убиен? Многумина би се приклучиле на прославата, но и натаму стравуваат од битангите кои ги поддржува Иран. Најголем дел од тие насилници протестираа пред зградата на американската амбасада неколку дена претходно“, порача Помпео.

Шефот на американската дипломатија додаде дека САД има намера на режимот од Техеран да им ги скрати сите ресурси и нагласи дека досега успеале да „пресечат“ повеќе од 80% од заработката на Иран од продажба на нафта.

„Сакаме Иран да се однесува како нормална држава, да биде како Норвешка, јасно?“, изјави Мајк Помпео.

Помпео меѓу другото исто така го критикуваше припојувањето на украинскиот полуостров Крим кон Русија, нагласувајќи дека тоа се случил поради слабост на САД. Тој порача дека Американците ќе продолжат да ја вооружуваат Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг