Не, ова повеќе не е научна фантастика: Новиот автомобил на Тесла ќе разговара со случајните минувачи

Супермен

14/01/2020

18:19

2.002

Големина на фонт

а а а

Откако постојат, автомобилите не можат директно да комуницираат со пешаците и минувачите, ако се исклучи можноста за свирење во моментот кога на возачот ќе му се испречи нешто на патот.

Но, тоа можеби ќе се промени во иднина, ако може да му се верува на иноваторот на Тесла – Илон Маск и неговиот најнов твит. 

“Ако посакате, автомобилите на Тесла наскоро ќе можат да комуницираат со луѓе”, напишал милијардерот на Твитер, објавувајќи видео снимка од “Model 3” кој по пат на надворешни звучници им се “обраќа” на минувачите.

“Па немојте само да стојте и да зјапате. Влезете!”, “вели” автомобилот, најавувајќи дека автомобилите на оваа компанија во иднина ќе можат да се користат како самостојни такси возила.

Моќна надградба

Компанијата е позната по софтверските надградби кои овозможуваат дополнителна функционалност на автомобилите. Но, сè уште не се знае кои модели на Тесла се опремени со надворешни звучници, потребни за реализација на таквите функции.


Одговарајќи му на еден следбеник на Твитер, Маск предлага комбинирање на ваквите можности со веќе постоечки аларм на паметното возило кој со помош на паметен телефон ќе го извести сопственикот за потенцијална провала во возилото.

Со додавањето на говорните функции, автомобилот би бил во можност да им се “обрати” на сите кои ќе се обидат да го украдат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk