Оскар и Медена земја: Како филмот од Македонија влезе во историјата на светскиот филм?

Точка

14/01/2020

16:07

6.192

Големина на фонт

а а а

Документарниот филм Медена Земја е номиниран за Оскар во две категории.

Филмот Медена земја е номиниран за најдобар документарец и најдобар странски долгометражен филм на 92-то издание на Оскарите - со што стана најуспешен филм од Македонија. 

Документарецот го следи животот на Атиџе, скромна пчеларка од Македонија, кој зборува за се полошиот однос на современиот човек кон природата.

Таа живее со својата мајка, спасува пчели и ја враќа рамнотежата во природата, пренесува "BBC на српски".

Значењето на природата

Филмската екипа ја следела Атиџе, жената која била едно со природата и ја покажала моќта и големината на човекот.

"Ова е време во кое искреноста, едноставноста и хуманоста се борат да ја преживеат битката со материјалното.

Скромноста е нешто што е заборавено поради престижот и лакомоста. На тој пат можеме да дојдеме до амбисот, за да ја научиме лекцијата", вели Георгиев, пренесува "BBC на српски".

Тој вели дека токму за тоа зборува и главната порака на Атиџе - "половина земи, половина остави" - овие зборови го отсликуваат нејзиниот однос кон пчелите и природата.

Кога авторите ја запознале Атиџе и го снимале материјалот, знаеле дека станува збор за "сериозно добар филм".

Сепак, не очекувале дека документарецот ќе дојде така блиску до Оскар, вели продуцентот Атанас Георгиев.

Голем успех

Нашата држава е воодушевена од успехот на филмот, а тоа, вели продуцентот, е најголемата награда за уметниците.

Социјалните мрежи по објавата на номинациите биле преполни со честитки.

"Како што не учеше Атиџе....Два Оскари, еден да земеме, а вториот да го оставиме поради рамнотежа во универзумот", напишало едно лице на Фејсбук.

На авторите им честиташе и доскорешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, со зборовите дека ова е историски успех за современиот македонски филм.

Кога филмот освои три награди на Санденс филмскиот фестивал, кој го основал актерот и режисер Роберт Редфорд, за него пишува "Guardian", "New York Times", "Rolling Stone" и "Vanity Fair".

"По Санденс увидовме дека овој филм ќе има долг пат пред себе", вели Георгиев.

Смета дека добрите критики придонеле и наградите придонеле за тоа кино-салите со месеци да бидат полни кога се прикажува Медена земја.

"Тоа ја стимулираше публиката и на некој начин ја натера да го погледне филмот", вели Георгиев.

Тој смета дека публиката, не само македонската, туку и публиката во светот - мора да научи дека документарниот филм денес е поразличен од тоа што досега сме навикнати да го гледаме.

"Документарците не се филмови за протагонисти кои седат и зборуваат, туку вешто прикажани слики од реалниот живот".

Од партизани до Оскари

Музичката група Фолтин од Македонија работела на музиката за филмот, а и претходно соработувала со екипата која го режирала Медена земја.

Пеце Трајковски, еден од музичарите кои ја снимале музиката за Медена земја, за "BBC на српски" рекол дека почетоците изгледале "партизански".

"Работејќи во Македонија и на Балканот, ние се навикавме", вели Трајковски за споменатиот портал.

Ја снимале музиката за сцените кои веќе биле снимени, додека се уште се работело на другите сцени.

Сепак, секогаш кога се враќале на снимањето, биле многу возбудени.

"Снимивме многу музика и сфативме дека тоа што го снимавме на самиот сет во живо беше доволно да ја раскаже приказната која авторите сакаа да ја кажат".

Додал и дека тие, со остатокот од екипата, успеале да пронајдат баланс со окружувањето во Медена земја, како Атиџе.

Групата Фолтин, покрај бројните студиски албуми, долги години компонира музика и за театарски претстави. Номинацијата за Оскар не ја очекувал ни Трајковски.

"Покрај сите признанија, најважно е дека ова ќе биде филм што ќе се гледа секаде во светот. Се надевам и дека некои оние кои ќе го погледнат, ќе променат нешто во своите животи, а со тоа и во животот на нашата планета".




Спонзорирани линкови

Маркетинг