Европа “се тресе“ поради новиот сојуз кој се раѓа: Путин ја зема во свои раце една од најмоќните држави на европското тло

Точка

14/01/2020

19:11

38.378

Големина на фонт

а а а

Европските земји се загрижени поради сè поголемата зависност на Турција од Русија, предупредуваат од германскиот весник „Blid“, објаснувајќи дека два факти се пресудни да владее такво мислење меѓу народот - завршувањето на изгадбата на гасоводот „Турски тек“, но и заедничкиот став на Москва и Анкара по прашањето запирање на воените операции во Сирија и Либија.

Од германскиот весник го поставуваат прашањето и дали турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган воопшто може себеси да си дозволи да му се спротистави на својот руски колега Владимир Путин во поглед на енергетската зависност на Турција од Русија.

Како што се наведува, поради недостатокот на сопствена енергетика таа “хронична глад“ на Турција зависи од увозот што и ги наведува аналитичарите во Европа на мислата дека „Ердоган сè повеќе се движи кон Путиновата воденица“.


Меѓутоа, покрај енергетската ситуација важна улога имаат и конфликтите на Блискиот исток во кои се вклучени и Русија и Турција.

Кога станува збор за Сирија, „Blid“, потезите на Путин ги оценува како обид да ги смири двајцата заколнети непријатели - претседателите на тие земји, Башар ел Асад и Ердоган и тоа со цел што побрзо и со тоа да се намали влијанието на САД во регионот.

Од друга страна пак, Либија исто така одиграла важна улога во односите помеѓу Путин и Ердоган, бидејќи во тој конфликт Путин и Ердоган биле на различни страни. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг