„Поддржувачите на Сулејмани можат британскиот амбасадор да го исечат на парчиња“

Точка

14/01/2020

14:22

2.199

Големина на фонт

а а а

Голема дипломатска бура настана откако неодамна иранските власти го уапсија британскиот амбасадор, а набрзо потоа го пуштија на слобода.

Истакнатиот ирански имам, ајатолах Ахмад Алмолход изјави денес дека најдоброто нешто што би можело да му се случи на британскиот амбасадор во Иран е да биде протеран од земјата.

Тој вели дека во спротивно, лојалните поддржувачи на убиениот ирански генерал Касим Сулејмани би можеле амбасадорот да го исечат на парчиња, пренесува сајтот „Еслахат“.

Британскиот амбасадор во Иран, Роб Мекер неодамна беше накратко задржан во притвор, а британските власти таквата постапка на властите од Техеран ја нарекоа „кршење на дипломатските конвенции“, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Мекер според извештаите на агенцијата „Тансим“ бил приведен во саботата пред Универзитетот Амир Кабир и бил задржан во притвор неколку часа поради, како што е наведено, поттикнување на антивладини протести.

Амбасадорот пак изјави дека тој само присуствувал на бдеењето за жртвите кои настрадаа во авионската несреќа кај Техеран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг