Четки од коњски влакна, неабразивни средства...: Погледнете како се перат најскапите автомобили на светот

Супермен

14/01/2020

14:10

3.778

Големина на фонт

а а а

Веројатно сите ги паметиме времињата кога се дружевме пред зграда, секој со своја кофа и сунѓер и автомобилите на нашите родители кои најчесто доаѓаа од истите фабрики.

Во меѓувреме “пораснавме”, а денес речиси сите практикуваат перење на своите автомобили во перална. Но, на многумина и тоа не им е доволно, па на своето “милениче” му посветуваат дополнително внимание, а тука напомош доаѓаат “car detailing” експертите кои го чистат секој милиметар од автомобилот – и оваа воопшто лесна работа добро ја наплаќаат. 

Доколку се прашувате што сè можат да направат оние сопственици на безобразно скапите автомобили, одговорот можете да го пронајдете во продолжение. Еден од најдобрите примери е “Lamborghini Veneno”, модел произведен во само 9 примероци. Еден од нив бил доволно среќен да има сопственик кој всушност и го вози и редовно го одржува, секако со помош на експертите од “Topaz Detailing” кои му посветуваат на автомобилот особено внимание.


А вниманието е на ниво на спа центар – со четки од коњски влакна внимателно се чистат тркалата. Притоа површините не се перат со ништо поагресивно од разреден лимонов сок, пена и крпи од овчја волна. Потоа се чисти со врела пареа, а по неколку испирања, целокупниот екстериер се премачкува со заштитен слој. И секако, пред примопредавањето се прави двојна проверка на квалитетот на извршената работа.

Секако, се прашувате колку чини целата оваа работа – цените се движат од стотина фунти за основно чистење, а доколку се работи на целосна реконструкција на површината со лесно пескарење, цената може да достигне и до 10.000 фунти.

За споредба, перењето од видеото во продолжение изнесува околу 2250 фунти, а целата процедура трае и до пет дена – погледнете:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk