Манекенката изгледа сè подобро, овој моден детаљ одлично ѝ прилега

Точка

14/01/2020

13:23

4.299

Големина на фонт

а а а

18-годишната манекенка Каја Гербер очигледно ја поседува убавината на својата мајка Синди Крафорд, но има и одличен стил и води сметка што носи на себе.

Токму поради тоа нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи често ѝ упатуваат пофалби на сметка на изгледот и модните комбинации. 

Каја умее многу добро да ги вклопи актуелните трендови во својот стил, што докажува дека ужива во модата и знае да си игра со неа.

Препознатлива е по едноставниот кежуал стил, но очигледно е дека ужива во еден детаљ кога е во прашање изборот на одредени парчиња облека. Каја обожува да носи животински дезен и тоа во сите облици. Од панталони, капути, костими за капење па сè до качкети во овој принт.

Животинскиот принт со години не излегува од мода, а особено беше актуелен минатата година. Со него нема грешка бидејќи на модната комбинација ѝ дава доза на одважност и елеганција.

Лесно е да се комбинира во било кој стил, што го потврдува и убавата наследничка на познатиот супермодел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг