„Ердоган ми зеде сè“: Влезе во историјата на фудбалот, а сега вози такси и продава книги на улица за да преживее

Точка

13/01/2020

21:05

5.546

Големина на фонт

а а а

Турскиот фудбалер кој го постигнал најбрзиот гол на Светските првенства сега живее во Вашингтон и вози такси за да преживее.

Овој фудбалер за германското списание „Focus“ изјавил дека режимот на Ердоган ги замрзнал сите негови сметки и имот поради тужбите после кои неговиот татко бил уапсен.

Хакан Шукур се зачленил во партијата на Ердоган, но набрзо потоа ја напуштил бидејќи бил разочаран од корупцијата и скандалите. Тогаш почнале неговите главоболки.

Морал да побегне во САД во 2015-та година, а потоа неговиот татко бил уапсен. Набрзо потоа поради болест бил пуштен од затвор.

Хакан го загубил и кафулето кое што го отворил во Америка затоа што постојано бил малтретиран од страна на сомнителни луѓе.


„Сега почнав да работам. Немам ништо на светот, Ердоган ми зеде сè, моето право на слобода да се изјаснам, да работам“ - изјавил Шукур кој појаснил дека таа партија ја искористила неговата популарност.


„Фрлаа камења во продавницата на мојата сопруга, моите деца беа малтретирани на улица. Добивав закани поради секоја моја изјава. Кога ја напуштив државата го уапсија мојот татко и земаа сè што некогаш сум заработил. Многу им е тешко на сите кои се поврзани со мене и кои во моментов доживуваат тешки финансиски проблеми“ - открил поранешниот фудбалер на Интер, Парма, Торино, Галатасарај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг