Сите го знаеме Илон Маск, а ова е неговата мајка - супермодел која сама одгледала три успешни деца

Точка

13/01/2020

18:40

5.009

Големина на фонт

а а а

На 69 години станала најстариот модел во историјата која позирала за модниот магазин „CoverGirl“.

Таа е жена која не запира ниту по тешките животни моменти. Се развела од насилниот сопруг додека нивните деца биле мали, а потоа ги одгледувала сама и лавовски била посветена на својата работа.

Нејзиниот син Илон е првиот човек на компнаијата „Tesla“, официјално една од највредните американски автомобилски компании.


Во книгата "A Woman Makes a Plan: Advice for a Lifetime of Adventure, Beauty, and Success", Маск најмногу зборува за неговата мајка Маје Маск за тоа како самохрана мајка ја подигнала свеста на децата, а денес е многу успешна.

На 69 години, станала најстариот модел во историјата.


Маје Маск е новинарка во „Bussines Insider“.

Маје во некое интервју раскажала неколку работи за себе:

„Вистина е дека секој план сакаме да го задржиме и веруваме дека ќе биде одличен, но некогаш сето тоа може да се сруши и да почнеш да се чувствуваш бедно. Тогаш мора себеси да си кажеш дека време е за нов план. Мојата книга зборува за тоа дека во тие лоши моменти кога се чувствував бедно, останував предолго“.


„Како нутриционистка ја започнав својата пракса кога имав 22 години затоа што забременив на медениот месец и навистина немаше шанса да барам некоја друга работа. Работев од дома и така малку по малку стекнав искуство. Сфатив дека поради моите деца единствено можам да работам од дома.


Бев многу тажна затоа што постојано зборуваа дека не сум доволно добра, а правев добри кампањи.

Се прашував зошто никој прво не сакаше да ме запознае, а потоа нека одлучат за мојата иднина. Тоа ми се случуваше многу пати, да изгубам самодоверба. Помислував дека сум заглавена во некој мрачен тунел од кој немам излез. Мојот проблем беше тоа што секогаш им верував на луѓето и не можев да сфатам зошто мора да бидат малициозни. Луѓето едноставно сакаат да имаат моќ и контрола над другите, тоа ги радува, но секако дека не е правилно“ - изјавила Маје Маск.




Спонзорирани линкови

Маркетинг