Дознајте како денес живее еден од некогашните најбогати Балканци

Супермен

13/01/2020

17:32

5.306

Големина на фонт

а а а

Две години од отворањето на истрагата против некогашниот најмоќен хрватски претприемач Ивица Тодориќ, од обвинението ниту трага.

Иако жупанското државно обвинителство во Загреб ги рушило сите рекорди, сепак санкции за него нема.

На истрагата против него државното обвинителство досега потрошило три милиони куни. На прашањето како и од што живее денес, Ивица Тодориќ за „RTL“ одговорил дека му е многу тешко, но и весело.

„Ни помагаат семејството и пријателите, не трошиме не знам колкава количина пари откако ја разоткрив една од криминалните организации“ - вели Тодориќ кој со своето семејство престојува во Кулмеровите дворци кои, додека бил во Лондон некое време ги изнајмувал за венчавки, потоа конференции и останати настани.


Тодориќ исто така додал дека неговото семејство моментално не се чувствува пријатно поради притисокот од јавноста додека неговиот случај не се расветли.

А, очигледно е дека тоа во скоро време нема да се случи. Истрагата против Тодориќ, синовите и Агрокоровите менаџери отворена е пред две години.

Владата за таа афера дала дури и пет милиони куни, но обвинителството и понатаму тапка во мрак, а обвиненија сè уште нема, пренесуваат од „RTL“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk