Историски успех: “Медена земја” е кандидат за Оскар во две категории

Точка

13/01/2020

14:52

4.105

Големина на фонт

а а а

Американската филмска академија ги објави долгоочекуваните номинации за престижната награда Оскар, чие доделување ќе се одржи на 9-ти февруари во Лос Анџелес.

Нашиот наградуван филм “Медена земја” на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е официјално номиниран во две категории – најдобар документарен филм и најдобар странски филм. Ова е првпат во историјата на македонската кинематографија еден филм да влезе на листата во две категории. 

Помеѓу петте номинирани за најдобар документарец покрај “Медена земја” се и “Американска фабрика”, “Пештерата”, “Доба на демократија” и “За Сама”, а за најдобар странски филм номинирани се “Корпус кристи” од Полска, “Клетници” од Франција, “Болка и слава” од Шпанија и “Паразит” од Јужна Кореја.


Македонија за престижната награда се надеваше со филмот “Пред дождот” на Милчо Манчевски кој беше номиниран во категоријата најдобар странски филм во 1994 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг