Џафери: Не го видов законот, но немам ништо против да се укине лустрацијата

Макфакс

13/01/2020

14:41

551

Големина на фонт

а а а

Собранискиот спикер Талат Џафери изјави дека дал поддршка на Законот за лустрација и дека нема ништо спорно за него и да се поништи овој закон.

„Не сум го видел текстот на законот и немам коментар по него. Гласав за носење на Законот за лустрација и немам проблем ниту со поништувањето на законот”, рече кусо Џафери.

Што се однесува до Законот за јавнообвинителска служба, Џафери е дециден дека ако пратеничките групи обезбедат мнозинство, законот ќе биде ставен на седница.

„Ова важи и за други закони кои треба да се донесат. Ако не обезбедат, секако Собранието ќе биде распуштено на 12 февруари по што влегуваме во изборниот процес”, рече Џафери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг