Зарем ова е физички возможно? Луѓето со неверување гледаат што прави оваа девојка

Точка

13/01/2020

13:15

7.108

Големина на фонт

а а а

19-годишната американска гимнастичарка Жаклин “Жакс” Краниц споделила видео на својот Инстаграм профил кое ги воодушеви нејзините следбеници, но малкумина можат да го повторат ваквиот потег.

“Нов предизвик за флексибилност”, напишала Жаклин под видеото на кое изведува нешто што делува многу едноставно, а всушност е ужасно тешко. Така настанал виралниот предизвик “Жакс Краниц”. 

Правилата се едноставни: мора да легнете на подот со лицето надолу и рацете зад грб. Ако успеете да станете, а да не се превртите на грб или на страна и без помош од рацете – сте го завршиле предизвикот.

Кракото видео, откако било објавено од страна на “Bleacher Report”, го погледнале над 2 милиони луѓе.

“Не ми е јасно како ова е воопшто физички возможно”, “Ќе си ги скршам нозете ако го испробам ова”, “Импресивно!”, се само дел од коментарите за предизвикот на младата гимнастичарка.

Погледнете:



Спонзорирани линкови

Маркетинг