Видео: Поротничката вторпат поднесе оставка, „ТНТ“ ќе почне од почеток

Макфакс

13/01/2020

11:40

1.787

Големина на фонт

а а а

Поротничката во случајот „ТНТ“ Лилјана Ивановска-Кочковска вторпат се обрати до судот и поднесе неотповиклива оставка во судот. Како причина наведува дека има здравствени проблеми. Ова значи дека „ТНТ“ се враќа на почеток.

„По вторпат се обраќам, на 13.01.2020 година, со информација дека Лилјана Ивановска-Кочковска, судија поротник во овој суд, дава неотповиклива оставка. Таа кажува дека ѝ престанал судскиот мандат. Таа кажа дека има здравствени проблеми. Вели дека се извинува и се заблагодарува“, рече судијата Ставрев.

Бидејќи Советот не е во полн состав, постапката за „ТНТ“ почнува одново. Ставрев не сакаше да ја коментира оставката.

„Одбрана и обвинети, тврдевте дека ова не го правите поради одоговлекување на постапката, ниту нејзино запирање, ако е така, потврдете се себеси, ќе ја почнеме постапката одново, меѓутоа да не почне макотрпно како досега, туку со читање на сè што беше изведено”, рече Ставрев.

Следното судење е закажано за утре.

Судењето изминатиов период е во сенка на преписките и обвинувањата околу мандатот на поротничката. Адвокатите на обвинетите на неколку рочишта за случајот „ТНТ” укажуваа на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Лилјана Ивановска-Кочовска е завршен на 24 декeмври 2019 и дека според Законот за кривична постапка, доколку дојде до каква било промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да почне од почеток.

Цановски: Се сомневам дека поротничката самоволно дала оставка

Оштетениот бизнисмен Фијат Цановски во случајот ТНТ, по денешното рочиште на кое судот констатираше дека судењето ќе почне од почеток, рече дека се сомнева оти поротничкта Лилјана Ивановска-Кочковска самоволно дала оставка, како што навела во поднесокот до судот.

„Како што видовте на половина час пред почетокот на судењето поротничката дала оставка. Се сомневам дека самоволно ја дала. Јас верувам во правосудниот систем и дека овој процес брзо ќе заврши“, цели Цановски.

Бизнисменот Цановски смета дека мафијата се обидува повторно да завладее, а обвинетите се надеваат ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, па како што рече „сваровски судството” повторно ќе завладее.

„Одбраната се обидуваше да пролонгира судења, очекувајќи дека ќе победат на наредните избори и да завладее на ‘сваровски судството’. Јас сум убеден дека мафијата и Груевски диктираа вакво однесување во судница”, рече Цановски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг