Оваа фотографија од фудбалерот на Ливерпул дефинира што навистина значи да се биде богат човек

Точка

11/01/2020

17:16

12.681

Големина на фонт

а а а

Погледнете го телефонот на Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул. Потполно е логично што човек кој потпишал петгодишен договор и заработува 175.580 евра неделно да носи мобилен телефон со скршен екран. Но, зошто?

Сенегалецот е најдобар играч на Африка за 2019 година. Овој човек кој месечно заработува околу 702.000 евра не ги насочува заработените пари кон себе и луксузниот живот, и не му е јасно зошто би се расфрлал со богаството. 

“Зошто треба да посакувам 10 Ферарија, 20 часовници со дијаманти или 2 авиона? Што тие работи значат за мене или за светот? Направив училиште, еден стадион, нудиме облека, храна на луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија. Им давам по 70 евра месечно на сите поединци во еден многу сиромашен дел во Сенегал и тие пари егзистенцијално им помагаат на нивните семејства. Немам потреба да се фалам со луксузни автомобили, вили, патувања, авиони. Подраго ми е кога моите луѓе ќе добијат малку од она што животот ми го овозможил”, изјавил фудбалерот и со тоа покажал што значи да се биде вистински богат човек.


Мане во едно интервју открил и дека како дете често бил гладен, живеел тежок живот со своето семејство, играл фудбал бос и не одел на училиште. Навивачите на Ливерпул го обожуваат поради неговата скромност, а соиграчите за него велат дека е срамежлив и дека никогаш нема надмен став кон никого.

Садио Мане минатата година ја освои Лигата на шампионите со својот тим, како и Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, додека со Сенегал заврши на второто место на Купот на африкански нации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг